Археолошки локалитет Ќерамидарка

Се наоѓа на 20 км источно од Струмица под планината Беласица во атарот на селото Мокрино.

Локалитетот е со два културни стратуми: постариот антички од III-IV век и  помладиот со остатоци од средовековна некропола. Откриени се гробови со инхумирани покојници без гробна конструкција погребани во христијанска традиција. Гробниците содржеа воглавно накит а во одредени гробови се пронајдени и римски монети како случаен наод. Пронајдениот накит има етнографско обележје на словенската христијанска популација од XII-XIII век.

 

Font Resize
Контраст