Археолошки локалитет „Голема трпеза“

Локалитетот „Голема трпеза“ се наоѓа во атарот на селото Ново Коњарево на 100 метри од Македонско – Бугарската граница.

Локалитетот е сместен на издолжен рид со зарамнето плато на кое се наоѓала населбата со должина од околу 150 метри во правец север – југ и 70-тина метри во правец на исток – запад. Ридот од западната, северната и источната страна е заштитен со стрмни долови, додека од од јужната страна со мал преслап е поврзан со подножјето на планината Беласица. Токму на овој дел се наоѓаат остатоци од кула и бедем на западната страна. Во подножјето на ридот на северната страна тече рекара Струмица. Локалитетот досега не е истражуван, но судејќи по површинските наоди тој му припаѓал на периодот на доцниот енеолит/рана бронза што не ја исклучува можноста во подлабоките слоеви да се пронајдат остатоци и од неолитот.

 

Font Resize
Контраст