Профил на општина Ново Село
Општина Ново Село се наоѓа на крајниот југоисточен дел од Република Македонија. Распространета е на вкупна површина од 424.8 km² и има 11567 жители.
Општината е единствена и се разликува по неколку работи:
- единствена општина во РМ која граничи со две држави од ЕУ
- највисок водопад во Република Македонија
- граничен премин
Општината опфаќа 16 населени места: Ново Село, Сушица, Мокрино, Мокриево, Борисово, Колешино, Зубово, Самоилово, Смоларе, Дражево, Старо Коњарево, Ново Коњарево, Бајково, Бадилен, Стиник и Барбарево.
Климата е изменета средоземно-морска која се карактеризира со долги топли лета и кратка зима со снежни врнежи.
Населени места | Жители |
Бадилен | 3 |
Бајково | 2 |
Барбарево | 62 |
Борисово | 409 |
Дражево | 462 |
Зубово | 648 |
Колешино | 845 |
Мокриево | 1211 |
Мокрино | 748 |
Ново Коњарево | 934 |
Ново Село | 2756 |
Самоилово | 348 |
Смоларе | 659 |
Старо Коњарево | 611 |
Стиник | 58 |
Сушица | 1811 |
ВКУПНО | 11567 |