Тековни проекти

Обнова на земјоделски пат во Борисово

Општина Ново Село во соработка со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ќе обнови земјоделски пат во Борисово во должина од 500 метри. Обновувањето ќе опфаќа изработка на постелица односно машински ископ на хумосен слој и распотилање и набивање на тампонски чакал. Финансиските средства се обезбедени од Министерството за земјоделство, шумарство и водоспотанство.

Обновувањето на земјоделскиот пат е во најголема корист на локалните земјоделци кои имаат посеви, овоштарници или други земјоделски култури долж или во непосредна близина на овој пат. Со обновувањето ќе се подобри пристапноста и сигурноста на учесниците во сообраќајот до земјоделските парцели особено во врнежливи периоди кога пристапноста е дополнително загрозена и отежната и ќе се спречи постојаната ерозија на патот.

Започна изградбата на водоснабдителниот систем во Сушица

 

 

Font Resize
Контраст