Завршени проекти
Реконструкција на спортската сала во ООУ „Мануш Турновски“ Ново Село
Чистење на дива депонија во Сушица
Општина Ново Село со сопствени средства преку тендерска постапка набави услуги за чистење на диви депонии. Дивата депонија во Сушица како една од најзагрозените беше прва на потег. Откако депонијата беше исчистена и отпадот беше отстранет, депонијата беше ставена под видео надзор, а комуналните редари беа задолжени за вршат контрола и вон стандардното работно време.
Одржан првиот Форум на локалната заедница во Општина Ново Село
Акцијата „Канта за отпад за секое домакинство“ на Општина Ново Село продолжува
Изработена техничка документација за изградба на локални улици во Ново Село, Мокриево и Колешино
На денешниот свечен настан, меѓу присутните градоначалници од 35 општини, беше присутен и Градоначалникот на Општина Ново Село г-дин Никола Андонов, каде му беше предадена техничката документација за изградба на локални улици и патишта во општината. Техничката документација беше изработена во склоп на Проектот за подобрување на општинските услуги, финансиран од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка) а спроведуван од Министерството за финансии. Техничката документација се состои од локални улици во селата Ново Село, Мокриево и Колешино со вкупна должина од 3км. Изведбата на улиците ќе биде финансирана преку Министерството за транспорт и врски преку грант од Меѓународната банка за обнова и развој.