Центар за услуги на граѓаните

ШТО Е ЦЕНТАРОТ ЗА УСЛУГИ КОН ГРАЃАНИТЕ?

Граѓаните на едно место добиваат услуги и информации во доменот на урбанизмот, администрирањето со даноци, локалниот инспекциски надзор и други постапки во надлежност на општинската администрација.
Центарот овозможува брзо, квалитетно и ефикасно давање услуги и информации со користење на современа информациско-комуникациска технологија.

КАКВИ УСЛУГИ СЕ ДОБИВААТ ОД ЦЕНТАРОТ?

  • Се информираат и насочуваат граѓаните во административните процедури за издавање документи од надлежност на општината
  • Се дава помош во комплетирање на неопходната документација за отпочнување на соодветна постапка
  • Се обезбедува помош, насоки и совети за правилно пополнување на соодветни, стандардизирани, формулари
  • Се врши прием на барања за започнување постапки од областа на урбанизмот, администрирањето со даноци, инспекцискиот надзор и други постапки во надлежност на општината
  • Се информира за институциите од каде што може да се добие определен документ, како и за висината на административната такса која што треба да се плати
  • Примените документи редовно и навремено се доставуваат до соодветните интерни клиенти за понатамошна обработка
  • Се обезбедуваат повратни информации на подносителите на барања за тековниот статус на нивните предмети
  • Се врши издавање на завршните документи до подносителите
  • Се обезбедуваат други информации од делокругот на надлежности на општината и заедничката администрација.
  • Прием на пријави, поплаки и пофалби за работата на општинската администрација.
  • Овозможува пристап до информации од јавен карактер.

КОРИСНИЦИ НА ЦЕНТАРОТ ЗА УСЛУГИ КОН ГРАЃАНИТЕ

  • Граѓаните од општина Ново Село (Босилово, Василево)
  • Бизнис секторот
  • Здруженијата на граѓани
  • Министерствата
  • ЗЕЛС
  • Јавни претпријатија
  • Други единици на локалната самоуправа.

ГЛАВНИ ПРИДОБИВКИ НА ЦЕНТАРОТ ЗА УСЛУГИ КОН ГРАЃАНИТЕ

  • Брзо и квалитетно информирање на граѓаните за процедурите и постапките на општинската администрација што се од нивен интерес
  • Решавање на проблемите на граѓаните од едно место, во пријателска и деловна атмосфера
  • Поефикасна комуникација меѓу граѓаните и општинската администрација
  • Поголемо учество и доверба на граѓаните во работата на општинската администрација
  • Поголема транспарентност во работата на локалната самоуправа
  • Подобра статистика во општината за бројот на спроведени процедури и постапки.

Услугите можете да ги добиете во Центарот за услуги кон граѓаните во зградата на општина Ново Село секој работен ден од 07:30-15:30 часот. Телефон: 034-355-202, Факс: 034-355-702, е-mail: administracija@novoselo.gov.mk, web-страница: www.novoselo.gov.mk

Центарот за услуги кон граѓаните се отвори со поддршка од Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), во рамки на Проектот „Меѓуопштински партнерства за подобрување на квалитетот на јавните услуги“. Со Проектот се поддржува реализацијата на договорот за заедничко обезбедување услуги за граѓаните преку заедничките одделенија во општините Ново Село, Босилово и Василево.

 

Font Resize
Контраст