Старо Коњарево

Старо Коњарево има 611 жители и е 9-то поголемина во општина Ново Село.

Старо Коњарево се наоѓа во подножјето на планината Беласица, на надморска височина од 360 метри. Во близина на селото се наоѓа археолошкиот локалитет „Голема Трпеза“. Селото го добило името од зборовите „коњ“ и „рев“, што значи коњско ревање. Според друга легенда, Старо Коњарево го добило името по Беласичката битка од 1014 год. и загинувањето на македонските војници, односно според плачот на нивните најблиски, кои обвиени во тага, силно ревале над нивните тела. Селото за првпат се споменува во повелбата на српскиот крал Стефан Дечански (1321-1331) од 1328 година, кога тој го подарува на Хилендарскиот манастир, а се споменува и во повелбите на неговиот наследник, најголемиот српски средновековен цар Стефан Душан (1331-1355). Низ селото тече реката Стар Дол, која го дели селото на два дела. Покрај реката се простира месноста „Воденицата“, која е прекрасно излетничко место, а овде се наоѓаат и две воденици. Во селото има основно училиште и месна заедница. Интересно е што црквата првин се викала „Св. Атанас“, а по пожарот пред трисетина години, била преименувана во „Св. Спас“. Селото е соочено со масовно иселување, па од 900 жители во 1991 година, на пописот во 2002 година биле запишани само 611, сите Македонци по националност.

 

Font Resize
Контраст