Смоларе

Смоларе е познато по својот Смоларски водопад, највисок во Република Македонија.

Смоларe се наоѓа во подножјето на планината Беласица, на надморска височина од 360 метри. Селото е познато по Смоларскиот Водопад (39,5 метри), најголемиот постојан водопад во Република Македонија. Името е изведено од зборот „смолар“ или човек што се занимава со собирање смола. Прв пат во историските извори ова село се среќава во пописот на населението од 1519 година. Среде село порано се наоѓале два стари јавори, високи околу 30 метри. Денес е останат помладиот јавор, чија старост се проценува околу 300 години. Во нивна близина е лоцирана црквата „Св. Троица“, изградена 1872 година. Порано, крај реката Ломница или Смоларска, постоле шест воденици, а денес се останати само две. Над селото се наоѓа и планинарскиот дом „Беласица“, а познати се и двете чешми: Баба Тренината и Трајковата.Основното училиште е изградено 1963 година и во него се држи настава до шесто одделение. Според пописот од 1971 година, Смоларe имало 986 жители. Намалувањето на 659 жители, според пописот од 2002 година, се должи на иселувањето на населението во западноевропските земји. Целокупното население во Смоларe е сочинето од Македонци со православна вероисповед.

 

Font Resize
Контраст