Самоилово

Самоилово е најмлада населба во општина Ново Село.

Самоилово е најмлада населба во струмичкиот регион, основана 1971 година од жителите на соседните села Бадилен (70%) и Бајково (30%). Селото се наоѓа во подножјето на планината Огражден, на надморска височина од 230 метри. Тоа го добило името според најголемиот македонски средновековен владетел Цар Самуил, односно според тоа што во близина се случила познатата Беласичка битка од 29 јули 1014 година, водена помеѓу македонската војска на Цар Самуил и византиската на Василиј II. Први жители и основачи на селото во 1971 година се Костадин Митрев и Стојан Василев. Училиштето започнало со работа во 1973 година, а новата училишна зграда датира од 1986 година. Селото е електрифицирано, има водовод, а во близина поминува реката Василица. Во 1996 година е изградена црквата „Св. Богородица“, а селската слава се одбележува на 28 август. Според пописот од 2002 година селото има 348 жители и 79 семејства.

Font Resize
Контраст