Мокрино

Мокрино е 6-то по големина во општина Ново Село.

Мокрино се наоѓа на планината Беласица, на надморска височина од 370 метри. Селото е познато по Мокринските извори, кои имаат капацитет од стотина литри во секунда. На просторот од атарот на селото Мокрино се наоѓа населбата од римско време – Ќерамидарка. Според легендата, селото го добило името од зборот „мокро“. Прв пат селото се споменува во повелбата на Дејановиќи и нивната мајка Евродика од 1377-78 година, кога тоа било подарено на светогорскиот манастир „Св. Пантелејмон“. Во селото се наоѓа црквата „Св. Константин и Елена“, изградена 1876 година, а селската слава се празнува на 3 јуни. На 2 август се „коле курбан“ (говедо) и целото население од селото се собира на Мокринските извори. Овој ритуал се изведува со цел да не пресуши изворот, како што тоа се случило еднаш во минатото. Во селото постои подрачно четиригодишно училиште „Видое Подгорец“, а децата го продолжуваат своето школување во Колешино. Според пописот од 2002 година, Мокрино има 748 жители и 203 семејства. Кај месноста Липата, кое било собиралиште на претходните генерации, денес е подигната чешма. Многу куќи во Мокрино сведочат за старата селска струмичка архитектура. Дел од населението го напуштило селото, заминувајќи на работа во западноевропските земји.

 

Font Resize
Контраст