Зубово

Зубово има 648 жители и е 8-мо поголемина во општина Ново Село.

Зубово се наоѓа во плодното Струмичко Поле, на надморска височина од 207 метри, во непосредна близина на местото каде реката Водочница се влева во реката Струмица. Името го добило според неговата местоположба, бидејќи површината што ја зафаќа има облик на заб (на српски „зуб“). Селото трипати ја менувало својата локација: првин се наоѓало во месноста Колибите, потоа во месноста Барите, и најпосле во месноста Двата Потока. Зубово првпат се среќава во повелбите на владетелите во струмичката област од 1332 и 1378 година. Селото било турски чифлик, а потоа било продадено на семејството Караманолци. Во 1913 година тоа било запалено од гркоманското население. Црквата „Св. Георги“ била изградена од патријаршистите во 1852 година. Во селото има училиште, изградено во 1948 година, амбуланта и Дом на пензионери. Со пописот од 2002 година, се утврди дека има 648 жители, сите со православна вероисповед.

 

Font Resize
Контраст