Дражево

Дражево има 462 жители и е 10-то по големина во општина Ново Село.

Дражево се наоѓа во подножјето на планината Беласица, на надморска височина од 330 метри. Низ селото поминува Дражевска Река, која го дели селото на два дела. Прв пат селото се споменува во пописот од 1519 година, спроведен од Турците, кога селото имало само 5 семејства. Се смета дека селото го добило името според машкото име Дражен или Драган. Втората легенда вели дека на луѓето им било драго што живеат овде, па затоа селото било наречено Дражево. Во селото има пошта, основно четиригодишно училиште, амбуланта, матична служба, месна заедница и водовод. Во селото опстојува и спортскиот клуб „Беласица“, кој се натпреварува во Општинската фудбалска лига. Во горниот дел од Дражево, се наоѓа црквата „Св. Богородица Милостива“, а селската слава се празнува на 21 септември. Населението масовно се иселува од селото, па така иако на пописот од 1971 година имало 649 жители, на пописот од 2002 година Дражево брои само 462 луѓе.

 

Font Resize
Контраст