Бајково

Бајково е најмало село во општина Ново Село

Бајково се наоѓа на планината Огражден, на надморска височина од 345 метри. Според легендата, селото го добило името по сточарот Бајко, кој прв се населил на денешното место. Првпат селото се споменува во пописот на населението од 1519 година, спроведен од османлиската власт. Тогаш селото имало 39 христијански семејства, тројца неженети и десет вдовици. Пред Балканските војни (1912-1913), Бајково било дел од Петричката околија. Според пописот од 1971 година, селото имало 272 жители. Набргу потоа дошло до масовно иселување на населението, особено во новооснованото село Самоилово. Според пописот од 2002 година, во Бајково живее само едно семејство со двајца жители. Среде село се наоѓа бунар, каде што луѓето порано масовно се собирале. Во селото се наоѓаат црквата „Св. Петка“, изградена 1910 година и манастирот „Св. Петар и Св. Павле“, изграден 1943, а реновиран 1986 година. Населението се враќа во селото за време на верските празници Петровден (12 јули) и Петковден (27 октомври).

 

Font Resize
Контраст