Барбарево

Барбарево е четврто најмало село во општина Ново Село

Барбарево се наоѓа на планината Огражден, на надморска височина од 840 метри. Се претпоставува дека селото го добило името од грчкиот збор „барба“ што значи „стар“, односно „стара населба“. Селото првпат се споменува во пописот од 1519 година, а се среќава и во Лесновскиот поменик од XVI век. Низ Барбарево тече мала река што го дели селото на два дела: источно и западно маало. Во селото се наоѓа и т.н. Чучур чешма. Во неговиот атар се простира населбата од римскиот период, Црвено Поле.  Црквата „Св. Атанас“ е изградена 1870 година, а селската слава се празнува на 15 мај. Селаните од ова место масовно се иселуваат, па така на пописот од 1971 година тоа имаше 375 жители, а денес само 62, сите Македонци со православна вероисповед.

Font Resize
Контраст