Бадилен

Бадилен е второ најмало село во општина Ново Село

Бадилен се наоѓа на планината Огражден, во близина на македонско-бугарската граница, на надморска височина од 620 метри. Името го има добиено од зборот „бадел“, што значи чичка, односно диво трнливо растение. Во почетокот на XX век селото било во состав на Петричката околија и било поделено на Велики и Мали Бадилен. Во 1971 година тоа броело 304 луѓе и 54 семејства. Оттогаш започнува масовното иселување кон Ново Коњарево и новооснованото село Самоилово. На пописот од 2002 година забележани се само тројца луѓе и две семејства. Училиштето во Бадилен, поради недостаток од деца веќе не функционира. Во селото се наоѓа црквата „Св. Богородица“, посветена на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), што се одбележува на 28 август. Сепак, бадиленците кои живеат во Ново Коњарево и Самоилово, доаѓаат овде следниот ден, на 29 август. Селската слава се празнува на 6 мај, кога бадиленци повторно доаѓаат во селото и „колат курбан“. На 100 метри од селото се наоѓа македонската гранична караула.

 

Font Resize
Контраст