Конкурс за обука на негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост – Црвен Крст ОО Струмица
Црвен Крст на РСМ, Општинска Организација Струмица објавува
Конкурс
За обука на Негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост
Се повикуваат сите невработени лица од општините Струмица, Ново Село, Василево, Босилово, Радовиш, Валандово и Гевгелија кои сакаат да посетуваат обука и да се стекнат со верификуван сертификат да аплицираат во период од 15.11.2021 до 26.11.2021 година.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
- Да се државјани на Р. С. Македонија;
- Да имаат 18 години;
- Да имаат општа психо-физичка способност за работа;
- Да имаат минимум основно образование;
- Да бидат мотивирани за работа со стари и немоќни лица и лица со попреченост;
- Да бидат мотивирани по обуката да бидат вклучени во сервисот за нега во домашни услови при Црвен Крст Струмица – Нега Центар.
Напомена: Обуката за негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост е сертифицирана.
Заинтересираните кандидати можат да се пријават на е-маил: strumica.negacentar@redcross.org.mk
или на тел. број: 070 382 229
Секој заинтересиран кандидат ќе биде повикан на идивидуално интервју.