ЈКПД Комуна е основана на 4 април 1997 година, со одлука на Советот на Општина Ново Село.
Таа е поделена на три сектори:
- Паркови и зеленила со депонијата во Ново Село;
- Водовод и канализација;
- Пазариште и гробишта (локални и воени од Првата светска војна).
Во иднина се планира да биде основан сточен пазар, потоа пазариште во Смолари и зелен пазар во близина на Смоларскиот Водопад, под надлежност на ЈКП „Комуна“. Претпријатието планира да го преземе и одржувањето на водоводните мрежи од другите месни заедници во состав на Општина Ново Село. Тоа располага со возен парк, кој се состои од камиони, трактори и два автобуси што вршат превоз на ученици.