ПС Ново Село

Сектор За Внатрешни Работи – Полициска Станица – Ново Село

Надлежноста на оваа полициска станица опфаќа 20 населени места и тоа: 16 населени места од Општина Ново Село и населените места Габрово, Секирник, Иловица и Штука. Таа вкупно опфаќа територија од 483 км² со 15848 жители, односно 4230 семејства. Во оваа станица работат околу 30 полицајци. Главни задачи на оваа полициска станица се:

  • одржување јавен ред и мир;
  • соработка со граничната полиција и граничниот премин преку вршење контрола за спречување илегални преминувања на државната граница;
  • откривање и приведување сторители на кривични дела;
  • контрола на сообраќајот, според Законот за недозволена трговија и шверц.

Font Resize
Контраст