Полициска станица за гранична контрола

Полициската станица за гранична контрола – Ново Село е отворена на 5 јануари 1959 година и започнала со работа само со еден полицаец и еден цариник. На почетокот граничниот премин се сметал за малограничен, односно границата овде ја поминувале само луѓе со југословенско и бугарско државјанство. Нешто подоцна, новоселскиот граничен премин прераснува во меѓудржавен. Токму на овој граничен премин се случувал и настанот „Свиждање“, односно средбата меѓу жителите на Струмица и Петрич, во периодот од 1960 и 1970 година. Од 1973 година, полициската станица се наоѓа во денешната зграда, каде што се сместени и царинската управа, фитосанитарната и ветеринарната служба, шпедитерските служби и претставниците од станбеното претпријатие. Денес оваа полициска станица е под надлежност на Регионалниот центар за гранични работи – Исток. Во ингеренциите на оваа станица се:

  • контрола на движење и престој околу граничниот предел во површина од 300 m².
  • контрола на преминување на државната граница, која се состои во контрола на патни исправи и контрола на моторни возила.
  • контрола на багажот на моторните возила, односно предметите и стоките што ги пренесуваат патниците.
Font Resize
Контраст