ООУ Мануш Турновски

Општинско Основно Училиште Мануш Турновски – Ново Село

Почетоците на ова училиште датираат од 1866 година, кога првпат започнала настава на македонски јазик, што се одвивала по приватни куќи. Постоењето на ова училиште било верифицирано со Одлука на АСНОМ. Од 1948 година училиштето работи во просториите на денешното ПОУ „Св. Климент Охридски“. Во денешните простории се преместува во октомври 1975 година. Тогаш наставата ја следеле 1870 ученици, но денес бројката на учениците е опадната на 453, поради иселувањата на семејствата во западноевропските земји. Наставната програма ја спроведуваат 88 наставници. Во состав на училиштето „Мануш Турновски“, влегуваат и подрачните петгодишни училишта во Сушица (четири паралелки), Зубово (две), Самоилово (една), Ново Коњарево (три), Старо Коњарево (две), Дражево (две) и Смолари (две). Учениците од Смолари, Дражево и Старо Коњарево наставата од петто и шесто одделение ја посетуваат во училиштето во Смолари, а наставата од седмо, осмо и девето одделение, во училиштето во Ново Село. Во предметната настава од петто до девето одделение има 20 паралелки и заедно со 24 паралелки во одделенска настава, се добива вкупниот број од 44 паралелки.

Font Resize
Контраст