ООУ Видое Подгорец

Општинско Основно Училиште Видое Подгорец – Колешино

Училиштето започнало со настава во 1951 година, и тоа под името ЦОУ „Григор Прличев“. Сегашната училишна зграда е изградена во 1969 година, благодарение на месниот самодопридонес на граѓаните од Колешино. Училиштето е реконструирано во април 2006 година, со донација на Кралството Норвешка и владата на Р. Македонија. Во јуни 2006 година се вгради и парно греење со средства од Министерството за образование и Секторот за евроинтеграции при Владата на Р. Македонија. Во јули 2006 година, училиштето го промени името во Видое Подгорец, во чест на големиот македонски писател, роден во Колешино. Во состав на ова училиште влегуваат и подрачните училишта во Мокрино и Мокриево. Во април 2004 година, подрачното училиште во Мокриево беше реконструирано со донација на УСАИД од програмата за неразвиени општини, а 10% од финансиите беа обезбедени од граѓаните на Мокриево. Подрачното училиште во Мокрино се наоѓа во стар објект, кој има потреба од реконструкција. Во одделенска настава во учебната 2015/2016 година, има 11 паралелки во Колешино, две во Мокрино и пет паралелки во Мокриево, каде наставата ја посетуваат и децата од Борисово. Во предметната настава има осум паралелки. Вкупно училиштето има 18 паралелки, составени од 158 ученика (103 во Колешино, 47 во Мокриево и 8 ученици во Мокрино). Наставната програма ја спроведуваат 40 наставници.

Коментар 0

Сѐ уште нема коментари

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Font Resize
Контраст