ЈОУ Детска градинка “Сонце” – Ново Село

Детска градинка “Сонце” – Ново Село

Од нејзиното формирање во далечната 1976 година до крајот на септември 2015 година оваа градинка функционираше како дел од градинката „Детска радост“ од Струмица. Почнувајќи од 1 октомври 2015 година градинката во Ново Село станува посебна институција и до денес го носи името „Сонце“. Градинката ја посетуваат деца, на возраст од 9 месеци до 6 години. Децата се поделени на две групи за целодневен претстој: едната е за деца од 9 месеци до 2 години (јаслена група) и втората е за деца над 2 до 6 години (голема група). Во учебната 2015/2016 година има 30 деца во јаслената група и 35 деца во големата група. Градинката располага со капацитет за 100 деца и во нејзин состав влегуваат кујната, спортската сала, пет занимални и двор со детски парк. Во градинката работат четири воспитувачки и негувателки, куварка и технички персонал. Покрај децата од Ново Село, градинката ја посетуваат и деца од Сушица, Смолари, Мокрино, Мокриево, Колешино и останатите населби од општина Ново Село. Таа е отворена за сите децата од општина Ново Село.

 

Font Resize
Контраст