Гранична Полициjа
Граничната полиција, односно полициската станица за обезбедување на државната граница – Ново Село, започна со работа на 1 септември 2004 година. Оваа полициска станица работи во состав на Регионалниот центар за гранични работи – Исток, со седиште во Делчево. Полициската станица се наоѓа во Ново Село, во зградата на касарната изградена 1952 година. Тука порано беа сместени единиците на ЈНА, а по осамостојувањето на Македонија, единиците на АРМ. Во надлежностите на Граничната полиција спаѓа и обезбедувањето на државната граница кон Р. Бугарија и Р. Грција, која ги опфаќа териториите на Општина Ново Село и Општина Струмица, односно вршење контрола за спречување илегално преминување на државната граница во соработка со СВР – Струмица. Граничната полиција ги има сите други ингеренции, како и останатите полициски станици.