Постапка за утрвдување на данок

Потребни документи за утврдување данок на промет на недвижност

  1. Договор за купопродажба

– Даночна пријава за утврдување данок на промет на недвижност потпишана од даночниот обврзник со платена административна такса на износ од 300,00 денари на уплатна сметка 840-150-03182, приходна шифра 722315, цел на дознака: административна такса, образец ПП-50 и трошоци на постапка на износ од 20000 денари на уплатна сметка 840-150-03390 и приходна шифра 722316 на образец ПП-50;

– Договор за купопродажба во 6 (шест) примероци потпишани од договорните страни

– Имотен лист во еден примерок да не е постар од 6 (шест) месеци и да е на име на сопственикот (продавачот)

– Барање со платена такса на износ од 100,00 денари за секоја договорна странка на уплатна сметка 840-150-03390, приходна шифра 722316, цел на дознака за издавање на уверение за платени даноци и такси (образец ПП-50)

  1. Правосилни: судска одлука, стечајно решение или извршно решение

– Даночна пријава со административна такса на износ од 300,00 денари на уплатна сметка 840-150-03182, приходна шифра 722315 (образец ПП-50), трошоци на постапка на износ од 200,00 на уплатна сметка 840-150-03390, приходна шифра 722316 (образец ПП-50);

– Правосилни: судска одлука, стечајно решение, изврно решение во 3 (три) примерока од кој еден оригинал;

– Имотен лист во еден примерок на име на стечајниот, тужениот или извршниот должник и да не е постар од 6 (шест) месеци

  1. Договор за доживотна издршка

– Даночна пријава за утврдување данок на промет на недвижност потпишана од даночниот обврзник со платена административна такса на износ 300,00 денари на уплатна сметка 840-150-03182, приходна шифра 722315, цел на дознака: административна такса, образец ПП-50 и трошоци за постапка на износ 200,00 денари на уплатна сметка 840-150-03390 и приходна шифра 722316 на образец ПП-50;

– Договор за доживотна издршка во 3 (три) примероци од кои еден во оригинал и две фотокопии, а со кое е запрена оставинската постапка поради постоење договор за доживотна издршка

  1. Договор за замена

– Две даночни пријави за утврдување на данокот на промет на недвижност потпишани посебно од договорните страни- учесници во размената, со платена административна такса на износ од 300,00 денари за секој учесник во замената на уплатна сметка 840-150-03182, приходна шифра 722315, цел на дознака: административна такса, образец ПП-50 и трошоци на постака на износ од 200,00 денари на уплатна сметка 840-150-03390 и приходна шифра 722316 на образец ПП-50;

– Договор за замена во 6 (шест) примероци потпишани од договорните страни;

– Имотни листови од двете договорни страни и да не се постари од 6 (шест) месеци;

– Барање со платена такса на износ од 100,00 за секоја договорна страна на уплатна сметка 840-150-03390, приходна шифра 722316, цел на дознака за издавање на уверение за платени даноци и такси (образец ПП-50)

  1. Договор за физичка делба

– Даночна пријава за утврдување данок на промет на недвижност потпишана од даночниот обврзник со платена административна такса на износ од 300,00 денари на уплатна сметка 840-150-03182, приходна шифра 722315, цел на дознака: административна такса, образец ПП-50 и трошоци на постпака на износ од 200,00 денари на уплатна сметка 840-150-03390 и приходна шифра 722316 на образец ПП-50;

– Договор за физичка делба во 6 (шест) примероци потпишани од предлагачите;

– Имотен лист да не е постар од 6 (шест) месеци;

– План од овластен геометар за физичка делба;

– Барање со платена такса на износ од 100,00 денари за секоја договорна странка на уплатна сметка 840-150-03390, приходна шифра 722316, цел на дознака за издавање на уверение за платени даноци и такси (образец ПП-50);


Потребни документи за утврдување данок на наследство и подарок

  1. Договор за Дар-Отстапување на имот за време на живот

– Даночна пријава за утврдување данок на наследство и подарок а потпишана од даропримачот/примателот со платена административна такса од 300,00 денари на уплатна сметка 840-150-03182, приходна шифра 722315 за заверка на пријава, образец ПП-50 и трошоци на постапка на износ од 200,00 денари на уплатна сметка 840-150-03390 и приходна шифра 722316 на образец на ПП-50;

– Договор за дар-отстапување на имот за време на живот во 6 (шест) примероци потпишани од договорните страни;

– Извод на родени-венчани за даропримачот-ите, примателот-ите и да е е постар од 6 (шест) месеци;

– Барање со платена такса на износ 100,00 денари за секоја договорна странка на уплатна сметка 840-150-03390 приходна шифра 722316, цел на дознака за издавање на уверение за платени даноци и такси (образец ПП-50);

  1. Оставинско (наследство) и тестаментално решение, записник за судско порамнување и записник за извршена судрска и физичка делба

– Пријава за утврдување данок на наследство и подарок потпишана од примателите на имот (законските и тестаменталните наследници, порамнувачите и учесниците во физичка делба) со платена административна такса на износ од 300,00 денари на уплатна сметка 840-150-03182, приходна шифра 722315 за заверка на пријава (образец ПП-50) и трошоци на постапка на износ од 200,00 денари на уплатна сметка 840-150-03390 и приходна шифра 722316 на образец ПП-50;

– Правосилно, оставинско решение како и записник (спогодба) за судско порамнување односно физичка делба во 3 (три) примероци од кои 1 (еден) оригинал;

– Имотни листови во еден примерок на име на оставителот, тесторот или на сопствениците и да не е постар од 6 (шест) месеци;

– Барање со платена такса на износ од 100,00 денари за секој учесник во постапката на уплатна сметка 840-150-03390, приходна шифра 722316, цел на дознака за издавање на уверение за платени даноци и такси (образец ПП-50);

  1. Договор за дар и договор за физичка делба – втор и останати наследни редови

– Даночна пријава за утврдување данок на наследство и подарок потпишана од примателот на имотот со платена административна такса од 300,00 денари на уплатна сметка 840-150-03182, приходна шифра 722315 за заверка на пријава, трошоци на постапка на износ од 200,00 денари на уплатна сметка 840-150-03390 и приходна шифра 722316 (образец ПП-50);

– Договор за дар и за физичка делба во 6 (шест) примерока потпишана од договорните страни;

– Имотен лист на име на сопственикот- сопствениците и да не е постар од 6 (шест) месеци;

– Извод на родени за сите договорни страни и да не е постар од 6 (шест) месеци;

– Барање со платена такса на износ од 100,00 денари за секоја договорна страна на уплатна сметка 840-150-03390, приходна шифра 722316, цел на дознака за издавање на уверение за платени даноци и такси (образец ПП-50);


Потребни документи за данок на имот

  1. Данок на имот

– Даночна пријава за утврдување на данок на имот потпишната од даночниот обврзник;

– Имотен лист на име на сопственикот и да не е постар од 6 (шест) месеци;

– Договор за купопродажба;

– Договор за дар;

– Наследно решение;

– Изјава за поседување на имот заверена кај нотар – дивоградба


Потребни документи за комунална такса

  1. Фирмарина

– Решение од Централен регистар за оснивање на трговско друштво;

– Решение од Централен регистар за отворање / затворање на деловна единица;

– Решение од Централен регистар за ликвидација / бришење на трговско друштво;

– Решение од Основен суд за отворена / затворена стечајна постапка;

– Известување за извршена промена на седиште на Т.Д. или деловна единица.

Преземи-Потребни-документи-Општина-Ново-Село

Font Resize
Контраст