Акцијата „Канта за отпад за секое домакинство“ на Општина Ново Село продолжува

Почитувани,

Општина Ново Село продолжува со акцијата „Канта за отпад за секое домакинство“. За таа цел општината преку грант од проектот „Проект за подобрување на општинските услуги“ (MSIP) спроведуван од Министерството за финансии на РСМ а финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка) набави 2039 надворешни пластични канти. Општина Ново Село во соработка со ЈПКД „Комуна“ Ново Село во наредниот период ќе ги посетуваат сите населени места и ќе ги доделуваат кантите, за оние кои немаат склучено договор со ЈПКД „Комуна“ –Ново Село веднаш ќе склучуваат и договори.

Проектот се спроведува како дел од активностите на Општина Ново Село да ги ублажи последиците и да го намали загадувањето на територијата на општината. За таа цел, се известуваат сите граѓани дека фрлањето отпад на јавни површини, диви депонии итн. е строго забрането, и секое прекршување најстрого ќе се казнува.

За распоредот на распределба на кантите во секое населено место ќе бидете дополнително информирани.

Font Resize
Контраст